Елена Велевска уште еднаш ја покажа својата хуманост и емпатија кон настраданите семејства во поплавата во скопско.
Македонската фолкерка вчера го посети селото Стајковци каде лично им помогна на граѓаните и во домовите однесе храна, вода, лекови, пелени.
Велевска по посетата испрати и порака преку Фејсбук каде ги повика сите да донираат.