19-годишниот џихадист призна пред судот во британската престолнина дека сакал да постават бомба на концерт на Елтон Џон во Лондон на 11 септември минатата година.
Тој призна за подготовка на терористичкиот чин за време на комеморативна церемонија по повод најголемиот напад во ХХI век во Њујорк.
Саид пред судиите раскажа како се обидувал да купи експлозиви во интернет и да си направи рачноизработена бомби.
Тој беше откриен од прикриени агенти кои се претставиле за членови и симпатизери на “Исламска држава”.