Ема Стоун одговори на поканата упатена од 17-годишниот Американец Џејкоб Стоденмајер кој побара актерката да го придружува на матурска вечер.
Момчето сними музички спот инспириран од мјузиклот “La La Land”, во кој ја поканува ѕвездата за своја партнерка, но таа учтиво го одби неговиот предлог, објави “Индипендент”.
Ема Стоун истакна дека не може да отиде на прославата, бидејќи има работни обврски во Лондон: “Џејкоб, благодарам за најубавиот предлог што некогаш ми сум го добила.“