Британската актерка Ема Вотсон беше наградена со наградата “Жена на годината” на списанието “Ел” поради хуманитарни достигнувања.
“Ова не е година во која можеме да си дозволиме да молчиме. Ова е годината во која гласовите на сите жени треба да се слушнат”, рече таа во заблагодарувачкиот говор.
Вотсон ја доби наградата делумно поради работата на кампањата на ОН „HeForShe“ за еднаквост на половите.