Секогаш со нетрпение го очекуваме секое филмско остварување на познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез.
Наскоро ќе се случи премиерата на филмот „Second Act“ во кој Џеј Ло ја има главната улога, а неодамна го објави видео спотот за „Limitless“, новата песна од „Second Act“.
Овој видео спот е прво остварување на актерката како режисер, но истовремено во него се појавува и Еми Лопез, десетгодишната ќерка на Џенифер.
Еми, во видеото ја глуми помладата верзија на нејзината славна мајка.
Песната и видеото се охрабрувачко за сите жени, и испраќаат моќна порака за незапирливост и не откажување додека не се постигне целта.