Емина Јаховиќ снимаше спот и зад себе остави ѓубре на сите страни

Емина Јаховиќ напорно работи на новиот албум, а веќе започна со снимањето спотови за песните од истиот.

Последно таа снимаше на кејот на реката Сава каде зад себе оставила ѓубре кое не им се допадна на граѓаните од здружението „Udruženju ljubitelja reke Save“.

Тие на Фејсбук објавија фотографија што оставила зад себе Емина, а под истата испратија порака до пејачката.

Сега за сега нема одговор од Емина.