Емина изгледа фантастично во овој фустан во црвена боја.
Познатата пејачка Емина Јаховиќ за потребите на снимањето на емисијата Rising Star Türkiye избра тоалета која ги истакнува нејзините беспрекорно извајани раменици и раце и со кој со неподнослива леснотија ги освои своите обожаватели.
Прекрасниот фустан е како создаден за нејзината витка фигура и тенка половина, а бојата „страшно“ стои на нејзиниот тен. Таа ја прилагоди и нејзината фризура и шминка на комбинацијата, а и изборот на накит едноставно е беспрекорен.