Српскиот пејач Никола Роквиќ и неговата избраничка Бојана, вчера станаа горди родители на ќерка!
Моделот на свет ја донесе малата Леона, првата среќа во семејството Роквиќ.
Никола оваа радосна вест ја објави на социјалните мрежи, каде напиша:
„Што да кажам друго освен дека сум среќен и горд татко на малата Леона, која ми донесе неопислива радост, која ми го покажува патот на моето постоење, која ми измами солзи и смеа во исто време, која ме растопи со првата насмевка и која ми ја додели најважната улога , улога во која ќе се потрудам на најубав можен начин да и го покажам светот во кој долета“.
Инаку пејачот откри дека присуствувал на породувањето и сите жени ги прогласи за херои.
„Присуствував на породувањето, и морам да кажам една работа – Жени, секоја чест. Ние мажите тоа не би го издржале. Од денеска, меѓу моите херои во животот ја запишувам и Бојана. Те сакам, љубов моја, ти благодарам што си толку силна, ти благодарам што ми роди среќа“, додава Никола.