Велимир Бата Живојиновиќ почина на 23 мај, а зад себе остави доволно за никогаш да не биде заборавен.
Легендарниот актер покрај големиот број улоги кои ги има одиграно на професионален план, приватно исто така успешно се реализираше во улогата на татко и дедо.
По тој повод, неговата внука Дина Живоиновиќ објави фотографија со нејзиниот дедо и порака која расплака многумина.
„Продолжи да ме чуваш, а јас ќе продолжам со нашите планови“, напиша Дина.