Последиците од поплавите што ја погодија Македонија се трагични, а жртвите и штетите се огромни. Но тука се и преживеаните, кои успеаја да се изборат и нивните приказни се мотивирачки и полни емоции.
Покрај луѓето од ова невреме погодени беа и животните, а две кученца спасени од поплавите се вистински мелем за очи бидејќи позираат речиси прегрнати.
Тие и го стопија срцето и на Елена Ристеска, па фотографијата од овие мали херои ја сподели на социјалните мрежи.
„Спасени од поплавите.. Љубов безусловна“, напиша пејачката.