Ева Лонгорија рипна од водопади на Хаваи

Ева Лонгорија ужива во животот и моментално е на одмор на Хаваи заедно со сопругот Хозе Бастон.

А, по релаксираните денови поминати на јахта, актерката реши да внесе малку адреналин во одморот.

Ева ги посети познатите водопади на Хаваи и реши да рипне од карпа висока неколку метри.

42-годишната актерка облечена во едно делно бикини без проблем го изведе скокот.

Ева буквално е бестрашна!