Принцот Хари и Меган Маркл се во врска од летото 2016-та година, а истата ја официјализираа во ноември 2016.
Од тогаш парот го користи секое слободно време да биде заедно, а актерката неколку пати беше забележана како заминува од Кесингтонската палата.
Ова ги потикна гласините дека Хари и Меган размислуваат да живеат заедно, а принцот само ги потврди.
32-годишниот принц едвај чека да се пресели во својот нов дом во Кенсингтоновата, кој моментално се реновира.
„Хари се брза со реновирањето. Постојано доаѓа и прашува кога се ќе биде готово. Се чини дека се брза да се пресели со Меган“, изјави близок извор за палатата.
Инаку станот каде ќе се селат двајцата ќе биде дел од поголемиот дом на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ.