Еве каде заврши бидермаерот на Меган Маркл

Букетот кој Меган Маркл го носеше на својата венчавка на крајот од церемонијата се најде на гробишта. Традиционално, секој невестински букет кој го носи припадничка на кралското семејство се положува на гробот на непознатиот борец на гробиштата во Вестминстерската опатија.
Ова е традиција која ја започнала кралицата Елизабета во 1947 година. По венчавката со кралот Џорџ VI, кралицата својот бидермаер го положила на гробот на непознатиот борец во спомен на својот брат Фергус кој загинал во 1915, за време на Првата светска војна.