Миризбата од јадењето после готвењето, особено ако сте готвеле кромид, многу долго се задржува во домот. Без разлика дали имате вентилација или аспиратор во кујната, миризбата од кромидот се впива насекаде во домот, во завесите, прекривачите… Едноставно секаде.
За да ја спречите оваа непосакувана појава веднаш после готвењето во сад на оган ставете да се вари комбинација од 50 мл. киселина и 200 мл. вода. Откако течноста ќе зоврие намалете ја температурата и ставете целата течност да испари од садот. Пареата од течноста ќе ја отстрани миризбата од домот.