Кога во август 1990 година претседателот на Соединетите Американски Држави призна дека имал љубовна афера со својата тогаш 22-годишна стажантка и секретарка, Моника Левински, изби еден од најголемите сексуално-политички скандали на сите времиња.
Тогаш 49-годишниот Клинтон многупати, дури и пред истражните тела, негираше каква било врска со таа жена, како што ја нарекуваше.
По некое време, сепак призна се и изјави дека лажел против своја воња за да го зачува своето семејство од срам.
Признала дека не примила никакви пари од Клинтон во замена за молк, и да од друга страна, одбила понуда со вртоглава сума од 10 милиони евра за да изнесе детали за аферата.
Изјавила дека во некои моменти била на ивица на самоубиство и оти мислиле дека ќе биде јавно понижувана додека буквално не умре од срам.
Моника денес има 44 години и се уште е активна. Таа се реши од вишокот килограми и се отсели во Англија.
Таму заврши психологија, а денеска живее на Менхетен и предава на факултет.
Немала ниту една долга врска по аферата.
И денеска е стигматизирана поради тоа што се случувало во Белата куќа. Моника признава дека се уште, по дваесет години од аферата, чувствува вина поради се што се случило.