Еве како ќе изгледа венчаницата на Меган Маркл

Се потврдија гласините дека за венчаницата на идната принцеза ќе се погрижи британскиот моден бренд „Ралф и Русо“.
Меган ќе носи рачно направена креација во која ќе дојде до олтарот во капелата Свети Џорџ пред 600 гости и милиони луѓе кои ќе ја гледаат венчавката на тв екраните.
Според извор близок до Меган, венчаницата ќе чини околу 135 илјади фунти и секако ќе биде рачно изработена.
Иако цената е превисока, таа нема да надмине вредноста на венчаницата на Кејт Мидлтон која изнесуваше нешто над 150 илјади фунти.