Еве како ќе се викаат близначките на Жељко и Јована Јоксимовиќ

Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована синоќа станаа родители на прекрасни близначки!

Непосредно по полноќ во Белград пристигнаа малите признцези, а гордиот татко се пофали како ќе се викаат.

„Светот од денес е побогат за две девојчиња, Ана и Срна. Добредојдовте драги наши принцези“, напиша Жељко на Твитер.

Јована и Жељко го имаат синот Коста кој има 3,5 години, а на малечкиот сега друштво ќе му прават две сестри.