Еве како можете да откриете дали некој ве лаже

Човек во просек неделно кажува 11 лаги, покажало најновото истражување.

Тоа значи дека голема е веројатноста некој денеска да ве излажал, а можеби и вие сте се послужиле со некоја лага за да ја разубавите вистината.

За среќа, или за жал на оние кои лажат, постојат четири многу едноставни знаци кои издаваат кога некој лаже.

И не, немаат никаква врска со растењето на носот како кај Пинокио 🙂

За да секогаш знаете дали некој ве лаже, потребно е да обрнете внимание само на овие четири знаци.

Глава

Доколку некој ви кажува „не“, а со главата клима потврдо, можете да бидете уверени дека лаже. Па следниот пат, кога некој колега ви вели дека „не ви го украл пенкалото“, а притоа цело време клима со главата, знајте дека вашето пенкало е во неговиот џеб. И обратно – ако зборува дека го украл, а притоа одмавнува со главата, лаже.

Лице

Микроизразите на лицето се најлесниот начин да откриете дали некои ве лаже или не. Кога разговарате со некој, добро погледнете додека ви се обраќа. Во најголем број случаи ќе видите дека преку лицето му поминува некој чуден израз.

Раце

Постојаните или многу зачестените непотребни движења со рацете се уште еден од сигурните знаци дека личноста лаже (освен ако не спаѓа во оние кои постојано мавтаат со рацете, тогаш едноставно се невротични). Обрнете внимание на следното – чешање на лицето, допирање на носот, триење на рацете, истегнување на зглобовите.

Говор

На лажговците генерално им е потребно повеќе време да одговорат на прашањето отколку на луѓето кои ја зборуваат вистината. Тие често прават и непотребни паузи сред реченици, затоа што им е потребно време да ја смислат лажгата.