Британците сеуште го паметат моментот кога принцезата Дијана во 1991-та година смело ја скрати својата коса и му се претстави на светот со нова кратка фризура, а за тоа бил виновен фризерот Сем Мекнајт.
„Фотографијата на Дијана во бела балска тоалета настана кога работев со францускиот фотограф Патрик Демаршелие. Тие ми кажаа дека ќе снимаме некој којшто е многу важен, за Vogue, а јас само помислив дека тоа би можело да биде Маргарет Тачер, но тогаш на снимањето влезе принцезата Дијана. Тогаш лажирав кратка фризура со помош на шноли, со што нејзината полудолга коса ја сокрив под тијарата“, раскажал Сем за Daily Mail.
„Недолго потоа таа ме запраша, “Што би направил со мојата коса кога би ти дала одврзани раце?”. Се чувствував храбро, па одговорив: “Би отсекол сè”. Таа уште веднаш беше уверена дека тоа е добар чекор. “Ајде да го направиме тоа”, кажа таа. И јас и ја скратив косата уште веднаш, во тој момент. И не ни помислував на тоа што се би можело потоа да се случи“, раскажал Сем.
Новата фризура на принцезата Дијана станала главна вест на насловните страници, а новинарите со недели кампирале пред домот на родителите на Сем во надеж дека ќе добијат некаква изјава.
„Можевте да ја видите насекаде, тоа беше вистински одговор на големите фризури од 80-те години, со делумно спортски и делумно андроген изглед, но токму поради принцезата Дијана, сите ја доживуваа женствено“, опишува фризерот којшто со принцезата работел сè до нејзината прерана смрт, во 1997-та година.