Денешно време на изразити климатски промени, употребата на клима уредите од луксуз, стана потреба.
Нема причина да не го изладите просторот во кој престојуваат вашите деца, но за да немаат здравствени проблеми поради користењето на климата, треба да се испочитуваат неколку важни правила.
Проверете ја исправноста на климата. Најдобро е редовно да ги извршувате препорачаните сервиси пред да се појави проблемот.
Доколку забележите необичен мирис или чуден звук од моторот на клима уредот, потребно е веднаш да се исклучи и да се направат потребните поправки.
Задолжително е секоја сезона да се исчистат или заменат филтрите на климатизерот. Во спротивно, бактериите и габите се размножуваат а потоа се шират по станот.
Прилагодете удобна температура. Правило е температурната разлика во однос на надворешната да не биде поголема од 5 до 7 степени. Ова правило е тешко изводливо ако надвор е 40 степени. Во тој случај, поставете го клима уредот на температура која ќе одговара на сите.
Не излегувајте одеднаш од климатизираните соби. Налгла промена на температура е шок за секој организам, па дури и за децата.
Затоа, доколку планирате да излегувате, исклучете го климатизерот петнаесетина минути порано.
Дури и да брзате, останете во ходникот бар пет минути.
Истото важи и за влегување во разладена просторија.
Водете сметка климата да не дува директно во децата.
Наместете ги крилцата на уредот така, никој да на биде изложен на директно струење на ладниот воздух.