Еве како реагираше Пике на гласините за разводот со Шакира (видео)

Жерард Пике се огласи по пишувањата дека се разведува од неговата сопруга Шакира.

Светските меидуми пишуваат дека пејачката го оставила фудбалерот поради неговиот проблем со коцкањето. Парот со недели не се појавуваше во јавност што само ги дозагреа гласините.

Но, конечно Жерард реши да го прекине медиумскиот молк и да демантира дека се разведува.

Тој на Твитер објави видео од Шакира како свири на гитара и пее. Видеото беше надополнето со заљубени емотикони кои потврдија дека се е ок.

Инаку Жерард и Шакира се заедно до 2010-та година, а ги имаат синовите Милан и Саша.