Еве како за 3 минути да изладите топло пиво!

Ви се случило ли да посакате да се освежите со ладно пиво, и да приметите дека сте заборавиле да го сместите во фрижидер? Или пак ви се најавиле гости а вие немате ладен пијалок?

Нема потреба да се грижите, бидејќи за само неколку минути, следејќи ги неколкуте едноставни чекори, вие ќе имате леден пијалак спремен за освежување.

Иако примерот е прикажан со ладење пиво, истата постапка важи и за сок, минерална вода, вино или било кој друг пијалак.

– Ставете ги топлите пива во метално тенџере.
– Наполнете го тенџерето со мраз и целосно покријте ги пивата.
– Потоа наполнете го тенџерето со вода.
– Додадете 400 грама сол (во овој дел е суштината на трикот).
– Земете дрвена лажица и убаво промешајте за солта да се растопи.
– На крајот, 3 минути оставете го тенџерето во комората на фрижидерот.