Еве какво време не очекува оваа недела

Времето во земјава ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег.

Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови.

Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на вчерашната. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 4, а дневната од минус 1 до 6 степени.

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема.

Од среда попладне следува благо затоплување, па до крај на работната седмица ќе се задржи облачно, но со врнежи од дожд.