Еве кога ќе може да се погледне природниот феномен “Розева Месечина”

По повеќе од една година, астрономскиот феномен на Розева Месечина наскоро повторно ќе може да се погледне на небото.

Астрономите предвидуваат дека на 26 април годинава , на небото повторно ќе се појави розевата нијанса на Месечината која е предизвикана од честичките на прашина во атмосферата.

Светлите односно сините нијанси се филтрираат во атмосферата, а фотоните на светлина кои успеваат да се пробијат ги даваат жолтите и црвените нијанси, па така за нашето око видлива е розева боја.

Исто така оваа ќе биде полна Месечина и ја симболизира пролетта.