„Ворнер Брос“ планира да го покани актерот Леонардо Ди Каприо за улогата на Џокер во новиот филмски проект посветен на противникот на Бетмен, објави „Холивуд репортер“.
Компанијата ќе се обиде да преговара со актерот со помош на режисерот Мартин Скорсезе со кој Ди Каприо има одлична соработка.„Ворнер Брос“ нема да направи официјален предлог за актерот да учествува во новиот филм.
Тод Филипс беше назначен за режисер на филмот. Филмот ќе раскаже за животот на младиот Џокер, морничавиот психопатски кловн на универзумот DC Comics.
Во филмовите на Бетмен, улогата на антагонистот ја играа актерите Сезар Ромеро, Џек Николсон и Хит Леџер. Ликот, исто така, се појави во акцијата „Suicide Squad“, каде што Џаред Лето влезе во улогата.