Нашиот познат кошаркар Перо Антиќ е еден од 900-те гости на гламурозната свадба на Филип Живојиновиќ и српската пејачка Александра Пријовиќ во Белград.
Антиќ е во друштво со познати српски кошаркари, меѓу кои е Милош Теодосиќ, кој ја има улогата на кум. Нема информации дали Перо е дел од екипата на кумот или пак е поканет од некој од младоженците.