Дадар со години е задолжен за шминката и убавиот изглед на македонските, но и балканските ѕвезди.
Последна во низа беше Северина, која изминатиов викенд престојуваше во Макеоднија.
Нејзината посета на нашата земја ја заврши со настапи во Скопје, каде за нејзината шминка се погрижи кој друг ако не Дадар.
Севе и Дадар за нејзиното појавување се одлучија за нежна шминка, која ја истакна природната убавина на пејачката.
По добро завршената работа ѕвездите направија селфи фотографии, кои собра стотици лајкови.