Еве што ќе му се случи на вашиот организам доколку заборавите да пиете вода

Сите знаеме дека секојдневно би требало да се пие околу 8 чаши вода, но ретко кој знае што се случува со неговото тело доколку не го прави тоа.

Еве како дехидрацијата може да влијае врз вас и вашето тело!

1. Лоша концентрација
Пред неколку години била спроведена студија од Институтот за психијатрија во Лондон, а истата покажала дека намаленото внесување вода во организмот влијае врз сивите клетки во мозокот кои се користат при решавање одредени задачи.
Жедните испитаници морале повеќе да се потрудат за да ги решат овие задачи, за разлика од оние кои имале испиено доволна количина вода.

2. Поголем апетит
Луѓето кои пијат 2 чаши вода пред секој оброк, јадат од 75 до 90 калории помалку од оние кои не пијат вода. До овие резултати стигнале истражувачите од Американскиот институт за јавно здравје и истражување на водата кои ја спровеле оваа студија на полнолетни испитаници.
Оние кои пиеле вода пред оброците изгубиле околу 3 килограми во текот на 3-месечното испитување.

3. Бавно согорување калории
Калориите исто така побрзо се согоруваат кога телото е повеќе хидрирано. Водата го спречува појавувањето на брчките и го намалува бледилото на кожата на лицето.

4. Лошо расположение
Група истражувачи во 2009 година замолиле веслачи од двата пола да се препуштат на енергично, но едноставно вежбање аеробик со внесување мало количество вода за време на тренинзите. Онаа група која внесувала малку вода во својот организам чувствувала класични симптоми на дехидрација како умор и лесно губење свест, додека истражувачите кај нив забележале и појава на чувства на лутина, депресија и напнатост.

5. Изложеност на болести
Дехидрацијата во телото ја намалува функционалноста на одредени органи, а со тоа влијае и врз целокупниот организам, па поради ова, намаленото количество вода се поврзува и со разболувањето. Оние кои пијат малку вода, брзо ќе забележат дека почесто развиваат проблеми со уринарниот тракт и бубрезите за разлика од оние кои пијат соодветна количина вода.