Моделите на „Victoria’s Secret“ се едни од најубавите, но и најзгодните жени во светот.
Тие во текот на целата година напорно вежбаат и ја одржуваат својата форма за најголемото шоу во годината, кое за некоја недела ќе се одржи во Шангај.
А, личниот тренер на ангелите, Мајкл Блаунер откри што јадат моделите по напорните тренинзи.
„Кога вежбате напорно треба да внимавате што јадете после тренингот. Најдобро е да јадете комбинација од протеини, јаглехидрати и масти во сооднос 50/30/20. Јас ќе ви препорачам да јадете многу овошје, јогурт со ниска масленост во кој ќе додадете житарки, две варени јајца, пилешко месо на скара или риба“, открива Мајкл.
Ова важи за сите девојките кои тренираат, а не станува збор за мени, туку начин на исхрана.