Еве што може да ви се случи ако предолго време поминувате на социјалните мрежи

Интензивното користење на социјалните мрежи негативно влијае на самодовербата и го зголемува стравот од другите, покажа неодамнешно италијанско истражување.

Истражувачите наведуваат дека претераната употреба на социјалните мрежи има тенденција кај корисникот да развие недоверба и општо незадоволство.

Фабио Сабатини од Универзитетот Ла Сапјенца во Рим и Франческо Сарачино од Заводот за статистика STATEC во Лускембург анализирале одговори на 50.000 Италијани на прашањата дали се задоволни со својот живот, колку често излегуваат со пријателите и колку им веруваат на другите луѓе.

Добиените резултати ги споредиле со степенот на користење на социјалните мрежи, пред сè Facebook и Twitter.

Истражувањето јасно покажало на негативното влијание на социјалните мрежи врз расположението на корисникот. Исто така, докажало дека физичкиот контакт со другите луѓе генерира поголемо лично задоволство, додека виртуелниот поттикнува сомнежи и несогласување.

Меѓу негативните социјални навики што ги поттикнува Интернетот пред сè се дискриминацијата и навредувањето.

Што се однессува, пак, до глобалниот придонес на социјалните мрежи врз човековиот род, италијанските експерти го оцениле како „посебно негативен“