Марко Бошњак вчера вечер е прогласен за победник на познатото музичко шоу „Ѕвездичките на Пинк“.
Во возбудливото финале момчето кое што беше фаворит во текот на целото натпреварување најпрво се расплака затоа што не беше задоволен со својот настап, но радоста на крај сепак ги замени солзите.
„Пресреќен сум што победив, искрено не се надевав на победа, многу сум изненаден и едвај чекам со другарите да ја прославам својата победа. Имав трема , но успеав да ја совладам во последните два круга“, се огласи Марко после прогласувањето.