Новинарката на сајтот byrdie.com поради проблеми со кожата престанала да пие кафе три недели, а резултатите биле зачудувачки. Ви ги пренесуваме нејзините белешки.
„Ако барем еднаш сте биле кај дерматолог, сигурна сум дека ви препорачал да пиете помалку кафе или да престанете. Дерматологот неколку пати ме советуваше тоа да го направам, но не бев подготвена да се откажам од мојата кофеинска зависност. Но, од љубопитност одлучив да не пијам кафе три недели, а во продолжение ќе ви раскажам до какви зачудувачки резултати дојдов.
Сигурно барем сто пати сте слушнале како некој тврди дека откажувањето на некои намирници придонесува за подобар изглед на вашата кожа. Многу често во прашање е шеќерот, млечните производи, пченичното брашно или кафето. Многу пати од дерматолог слушнав дека откажувањето од кафе ќе придонесе за подобар изглед на мојата кожа, затоа одлучив да се откажам од мојот утрински ритуал на неколку недели.
Па, зошто кафето е „виновник“? Накратко, научно објаснето: кафето има многу киселини. Голема доза од кисел кофеин во комбинација со вашите хормони, особено хормонот за стрес, влијаат на зголемување на маснотијата на вашата кожа. Покрај се, кафето е диуретик и предизвикува мокрење, па така предизвикува и дехидрација.
Јас спаѓам во групата на луѓе кои пијат до четири кафиња дневно, па сум на сигурен пат до дехидрација. Пред се, сигурно ве интересира дали ми недостасуваше кафе наутро за време на три недели? – Апсолутно.
Не очекував чудо, но за време на правата недела немаше никаква разлика на мојата кожа на лицето.
Но, втората недела почнаа да исчезнуваат акните кои ги имав.
Веќе во третата недела целосно ги снема и мора да признаам дека кожата ми изгледаше одлично.
Проширените пори кои оддамна ме мачеа изгледаа помали од порано. Секако, кожата не ми беше совршена како на Џенифер Лопез, но откажувањето од кафето конечно почна да ми се допаѓа.
Втората промена која ја забележав е – помало ниво на маснотии. Секогаш имав неколку суви подрачја на лицето – околу носот и брадата, но веќе во третата недела мојата кожа беше со еднаков состав, што ме натера да верувам дека мешаната суво-масна текстура на кожата е резултат на дехидратација поради конзумирање на кафе.
Сепак, мојата кожа не стана совршена како да е „фотошопирана“ за три недели. Мислам дека целосно ќе се откажам од кафето и дека резултатите ќе бидат подобри на подолга патека.
Мислев дека ќе се чуствувам тромо без мојата дневна доза на кофеин, но беше спротивното (ОК, се чуствував тромо во првите два дена од експериментот). Но, всушност, желудникот ми реагираше на кафето кога го испив. Сега сум повторно во зона без кофеин ќе видиме колку ќе трае, но ќе се обидам да поминам четири недели“.