Еве што се случува со вашето тело кога го изгладнувате

Кога имал 74 години, Махатма Ганди издржал 21 ден без храна во текот на штрајкот со глад. И покрај староста и слабата фигура, активистот за граѓански права успеал да преживее.

Според некои извештаи, некои луѓе успеале да преживеат 70 дена без храна.

Она што е фасцинантно во врска со човечките тела е дека се во состојба да развијат одбранбен механизам кој ќе помогне да преживеат без храна толку долго време, иако би умреле во рок од само неколку дена без вода.

Како работи телото?

6 часа после јадење

Откако ќе јадеме, нашето тело ја вари храната и ја растура во гликоген, а тоа се молекули кои складираат енергија. Овој процес произведува гликоза – молекул кој претставува главен извор на енергија и кој за брзо време апсорбира и оди во крвотокот.

Гликозата се користи како примарен извор на енергија доколку имаме нормална исхрана. Тоа прави да се чувствуваме добро нахранети, затоа што глукозата преминува во нашата жолчка и мускули. Глукозата претставува доволно „гориво“ за наредните 6 часа. После 6 часа кога ќе го потрошиме горивото, се создава чувство на глад и стануваме мрзливи.

Режим на гладување: 3 дена без храна

Нашите резерви за глукоза можат да траат до 24 или 48 часа, иако поголем дел ќе се потроши после 6 часа. Тогаш, не само што ќе чувствувате глас, туку и вашето тело ќе падне во кетоза, што значи зголемемно ниво на кетонски тела во организмот. Кетонските тела се произведуваат од масните киселини кога гликогенот во жолчката потполно ќе се потроши. Кетозата има и своја корисна страна, а тоа е што користи телесна маст како енергија, па кетогената диета најчесто се користи за слабеење.

Меѓутоа, вашиот мозок не може да функционира само на основа на мастите како еден извор на енерхија, па продолжува да користи други количини гликоза во вашето тело. Мозокот користи 120 грама глукоза дневно – па кога глукозата ќе се потроши, вашето тело мора да „смисли“ резервен план за мозокот.

Кога ќе помине третиот ден без храна, вашиот мозок почнува да користи кетонски тела како извор на енергија – добива околу 30% потребна енергија по овој пат. Кога ќе дојде четвртиот ден, мозокот ќе добие и до 70% енергија од кетонските тела.

Ако не јадете ништо повеќе од 72 часа

Тешкиот дел доаѓа после 72 часа без храна – ова е познато како состојба на аутофагија. Кога мастите се разделуваат, вашето тело се врти кон протеините во мускулите, што значи дека тргнува да ги троши вашите мускули. Во овој момент, потребата на мозокот за глукоза ќе падна од 120 на 30 грама. Сега мозокот ќе мора да добива енергија од протеините. Иако мозокот ќе успее да преживее од протеинот, вашите мускули полека ќе исчезнуваат. Метаболизмот полека се успорува, а вашето тело почнува да користи најмала количина енергија.

Во одреден момент, вашиот имун систем ќе ослабе поради недостатокот на витамини и минерали. Обично два вида болести настапуваат во последниот стадиум на глад: маразам и квашиоркор.

Маразам се карактеризира со губиток на мускулната маст и ендем. Квашиоркор е најчест облик на неухранетост во земјите во развој, а се карактеризира со умор, едем и намалена мускулна маст.