Еве што треба да направите по убод од стршен!

Убодот од стршен најчесто се завршува со благ оток кој може да боли и да трае неколку дена, но во екстремни случаи може да дојде до анафилактички шок, односно алергиска реакција на отровот, при што навидум обичниот убод може да заврши фатално.

Доколку се сомневате дека сте алергични на стршени, најдобро е да ги одбегнувате авантурите во природа каде што ги има во голем број.

Причинители на анафилактички шок:

– Алергија на убод од инсект

– Убод на незгодно место каде што отокот предизвикува гушење

– Убод од стршен или оса во минатите неколку седмици, па имунолошкиот систем станал пречувствителен на алергенот и во случај на повторен убод доаѓа до анафилактичка реакција на организмот.

Во случај на анафилактички шок, треба веднаш да повикате итна помош за да се спроведе антишок терапија.
Таа терапија можат да ја изведат единствено професионалци.

Треба да бидете многу внимателни, бидејќи алергиската реакција може да задоцни осум до 10 часа.
Поради тоа, ако во рок од неколку седмици, стршенот ве убоде повеќе пати, најдобро е да одите на лекар.

Ако се работи за обичен убод и немате никакви посериозни симптоми, веднаш по убодот извадете ја боцката, а на местото ставете ладни облоги.