Ретко кој може да им одолее на вкусните јагоди. Тие се многу вкусни но истовремено и многу здрави!
1. Високо ниво антиоксиданси
Јагодите се четвртото овошје со најголемо ниво антиоксиданси кои го штитат нашето тело од слободните радикали и кои се поврзуваат со предвремено стареење и различни заболувања. Тие содржат и природни феноли кои служат како еден вид аспирини и благотворно делуваат против воспаленија и болки. За разлика од вештачките лекови, фенолите од јагодите не предизвикуваат крвавење во цревата.
2. Одличен извор на витамин Ц
Витаминот Ц ја зголемува силата на артериите, го спречува создавањето модринки и ја засилува работата на жлездата за адреналин која бара поголемо количество витамин Ц во однос на било кои други жлезди и органи во нашето тело. Од јагодите поголемо количество витамин Ц содржат само портокалите.
3. Добри се за слабеење
Јагодите имаат многу малку калории. Тие содржат околу 36 калории во една порција од 100 грама, не содржат масти и имаат ниско ниво натриум и шеќер. Јагодите содржат природни шеќери, но во мало количество.
4. Борба против тумори и алергии
Тие содржат флавноиди кои го поттикнуваат телото да создава пречки во фазите на развој на клетките рак и ја спречува нивната можност за размножување, додека пак киселините во ова овошје имаат антиалергиски својства, па токму затоа и помагаат при намалување на биохемиските процеси кои се поврзуваат со алергиските реакции.
5. Регулирање на шеќерот во крвта
Намалувањето на тежината е еден од најдобрите начини да ја спречите појавата на дијабетесот тип 2, како и голем број срцеви болести. Високото ниво шеќер се поврзува со прекумерната тежина, промената на расположението како и дијабетесот. Јагодите исто така делуваат благотворно против воспаленија и имаат седативно дејство.
6. Регулирање на крвниот притисок и холестеролот
Во една порција јагоди се наоѓаат 134 милиграми калиум кој го регулира крвниот притисок и делува како заштита од негативното влијание на натриумот. Јагодите припаѓаат на групата храна која е најздрава за срцето. Тие содржат состојки кои позитивно влијаат врз здравјето на целокупниот кардиоваскуларен систем. Исто така го намалуваат лошиот холестерол во крвта, кој предизвикува затворање на артериите.
7. Здравје на очите
Антиоксидансите во јагодите го намалуваат ризикот од појава на катаракта која може да предизвика слепило. Очите исто така имаат потреба од витамин Ц со цел да се заштитат од ултравиолетовото зрачење, додека пак истиот витамин игра важна улога и во зајакнување на рожницата и мрежницата.