Сопствениците и љубителите на кучиња, сигурно повеќепати се прашувале зошто некои од нив до исцрпување копаат дупки во земјата.
Луѓето кои живеат во куќи, знаат дека оваа активност не е нималку забавна, бидејќи кучињата понекогаш го копаат целиот двор.
Ви ги откриваме петте најчести причини поради кои кучињата го прават тоа!
1. Кучешки проект
Копањето може да се смета и за кучешки DIY проект. Тој ја гради својата куќа, местото во кое повремено може да се повлече кога му е ладно, топло или ако сака да се сокрие од нешто.
2. Плен
Ако во дворот имате крт или полски глушец и куче кое сака да го „фати“ пленот, немојте да се изненадите ако вашиот двор е целиот ископан.
3. Забава
Кучешките шепи се „дизајнирани“ за копање, па нормално е да ги користат за тоа. Копањето често им е само забава, иако на многу сопственици тоа не им е нималку забавно.
4. Бегање од дворот
На кучињата некогаш дворот им станува премал и премногу досаден, па сакаат да го истражат светот надвор од него. Некои кучиња копаат дупки до оградата, за да можат да излезат, да изедат нешто, да најдат ново друштво, а потоа се враќаат во својот дом.
5. Се ослободуваат од досада и стрес
Копањето на кучињата им помага да ја исфрлат вишокот енергија од себе и на тој начин се ослободуваат и од досадата, кога сопственикот не им посветува доволно внимание. Копањето исто така може да биде знак на стрес, предизвикан од намалена физичка активност.