Евровизија 2018: Годинешната победничка Нета, живеела во Нигерија,работела во војска, чувала деца…

„Навистина си посебна, сите сме горди на тебе“ и рекол во телефонскиот разговор израелскиот премиер Нетанахју. Нејзиното видео денес има повеќе од девет милиони лајкови…

На израелската пејачка Нета Барзилаи (25) многу гледачи и прогнозирале победа што и се остварило на 63. издание на „Песна на Евровизија“ во Португалија.

Симпатиите на публиката ги освоила со комбинацијата од пеење на битбоксинг и „кокодакање“. На минатогодишниот победник Салвадор Собрал не му било лесно да и честита и да и ја предаде статуетката на микрофон со оглед на тоа дека нејзината музика минатата недела ја нарекол „грозна бучава“.

We are here to have fun! Bring Eurovision to ISRAEL – #vote #22

A post shared by netta barzilai (@nettabarzi) on

Која е Нета?
Барзилаи (25) е родена во 1993. година во израелскиот град Ход ХаШарон, каде и денес живее. Кога била малечка, семејството со три деца се преселило во Нигерија каде пејачката минала четири години. Таму ја одгледувале локални дадилки од кои учела за африканската музика, но и за
ритмовите на разните африкански племиња.

После матурата една година волонтирала во Нахала, паравоени израелски одбранбени сили, во програмата која ги комбинира социјалните и воените вештини. Бидејќи во Израел постарите од 18. години (освен Арапите кои во државата ги има 20. проценти) одат барем една година на воена обука, Нета била во израелската морнарица каде настапувала со израелскиот бенд на морнарицата.

Подоцна студирала џез на престижната израелска музичка академија Rimon School od music. Потоа, решителна да успее како уметничка, Нета работи сешто: од келнерка до предавања во школото за медицински сестри и чување деца во градинка, за да конечно се вработи како инструкторка во музички камп.

שרים לזכרו

A post shared by netta barzilai (@nettabarzi) on

После нејзината победа по улиците на Тел Авив улиците биле полни со луѓе кои се капеле во фонтаната на плоштадот Rabin Square и ја славеле победата на Израел кој наредната година ќе биде домаќин на Евровизија.
„Навистина си посебна, сите сме горди на тебе, браво Нета“ и рекол во телефонскиот разговор израелскиот премиер Бенјамин Нетанахју (63).

Видеото на Нета денес има повеќе од девет милиони лајкови, што е повеќе од било кое службено евровизиско видео на Јутјуб.

Песната „Toy“
Песната има и „скриена порака“, а им оддава почест на сите жени кои со недамнешното „MeToo“ движење јавно се кренале против сексуалното малтретирање и злоставување. Исто така, како што вели авторот на песната Дорон Медалие, песната „Toy“ ја слави различноста и го негира западниот поим за убавина.

„’Toy’ промовира самостојност и сила на сите жени во светот и ја слави нашата различност, но и убавина“ рекла Нета кој во пресрет на Евросонг извела и нешто поинаква верзија и присутните ги воодушевила со својот глас и способност на импровизација.

Во песнта се спомнува и Wonder Woman која во истоимениот филм минатата година ја отелотворила израелската глумица и модел Гал Гадот (33).

Sweet Memories from August:) @the_experiment_band

A post shared by netta barzilai (@nettabarzi) on

Многу фанови на Нета уште во вторникот на првата полуфинална вечер на Евросонг носеле и маички со стихот од песната „I am not your toy“ (Не сум твоја играчка).

Необичната Израелка на 63. Евросонг победи со хит што се памти и со предност од 67. поени. Песната на Израелката пред почетокот на Евросонг имала повеќе од четири милиони лајкови, а моментално има околу 30. милиони прегледи.
Ова е четврти пат во историјата на Евросонг наградата да оди во Израел, тоа последен пат им успеало пред точно две децении, во 1998. Пред тоа Израел славел во 1973. и 1979. година.