Евровизија 2019: Познато кога ќе настапи Тамара на годинешниот евровизиски спектакл

Откако МРТВ официјално соопшти дека годинава на „Евровизија“ ќе не претставува Тамара Тодевска сите се во очекување на тимот и песната со која што таа ќе не претставува на овој музички и визуелен спектакл.

Годинава „Евровизија 2019“ ќе се одржи во мај во Тел Авив во Израел, а нашата Тамара ќе настапи втората полуфинална вечер на 16 мај, покажа ждрепката за редоследот на учесниците.

Од Македонската Телевизија наскоро ќе излезат и со повеќе детали околу тимот и подготовките.

Да се наеваме дека оваа година ќе имаме забележителен пласан и настап на овој спектакл.