Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која во спортска облека позира покрај скулптура на Буда, но неговата нога се наоѓа на споменикот.
Роналдо покрај фотографијата напишал дека на сите им посакува добар ден, но потоа следувале коментари на неговите следбеници кои со емотикони порачале дека се бесни поради неговата постапка.
Будистите се почувствувале навредени, а под фотографијата не престануваат со обвинувања на сметка на ѕвездата на Реал Мадрид, за кого сметаат дека му недостасува почит кон божеството.
@XHNews @ZeeNews @aajtak @AUThackeray #ShameOnRonaldo Shameful activity by @Cristiano Raise this issue can't acceptable . pic.twitter.com/73FpPhQN6s
— Jeet (@JiitAarya) October 20, 2016