Ријана стана позната по постојаното доцнење на нејзините настапи за време на „Anti World Tour“.
Бесните фанови ја чекаа ѕвездата на дожд, за Ријана дури пола час подоцна да се појави и да почне со концертот.
Кога пејачката конечно се појави беше исвиркана од дел од публиката, која не беше задоволна од доцнењето на Ријана.
Некои своето незадоволство го изразија и на Твитер.