Фановите ја нападнаа Хајди Клум поради оваа фотографија

Хајди Клум моментално ужива на летен одмор со своето семејство на островот Сент Бартс.

44-годишната актерка го покажа телото во бикини, па јасно е зошто со години беше еден од најплатените модели на светот.

На една од фотографиите, Хајди се бакнува со својот 11-годишен син Хенри во уста.

По појавување на оваа фотографија јавноста е поделена околу мислењето дали ова е правилно или не.

Многумина ја осудија Хајди посочувајќи дека ова не изгледа воопшто пристојно, а нејзиното дете е веќе големо.

Истото ова му се случи и на Дејвид Бекам, кога објави слика на која ја бакнува ќерката Харпер.