Рокерот Боб Дилан, кој беше награден со Нобелова награда за литература, ја наруши тишината и најави дека ја прифаќа наградата.
Музичарот ја држеше во неизвесност Нобеловата академија повеќе од две недели, без да одговара на пораките и без да потврди дека ќе присуствува на церемонијата на доделувањето.
Сепак стана јасно дека Боб Дилан потврдил дека ќе присуствува на церемонијата на 10 декември во Стокхолм, ако не биде некако спречен.
Дилан истакна дека е поласкан од одлуката на Шведската кралска академија да го удостојат со престижната награда. „Ми беше тешко да поверувам!“, призна музичарот.
Во петокот Шведската кралска академија пушти соопштение во кое се велеше дека Дилан сам се јавил во Секретаријатот и изјавил дека ќе ја прифати оваа престижна награда.