Саша Ковачвиќ веќе активно се подготвува за големиот концерт, кој треба да се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во сабота.
Популарниот пејач денеска е пристигнат во Охрид, за кој неколку пати има изјавено дека му е едно од омилените градови.
Вчера Саша ги посети најпознатите плажи во Охрид и Струга и се дружеше со своите фанови одблиску. Додека, денес, во 21 часот, на градскиот плоштад во Охрид, Саша ќе се слика со своите фанови и ќе дели автограми.
Инаку, синоќа Саша ја промовираше својата најнова песна „Температура“ за која има сними и видеоспот.