Ниту една божиќна и новогодишна реклама не може да се спореди со оние на „Кока-Кола“ кои се вистински предвесник за најубавиот период од годината.
Навикнати сме да го гледаме ликот на Дедо Мраз на камионите со сијалички кои го пренесуваат празничниот дух во секој дом.
И оваа година рекламата е таа, но доживеа мали промени поради кои многу луѓе на социјалните мрежи изреагираа.
Она што е променето е што недостасува намигнувањето на Дедо Мраз на крајот од рекламата, а тоа многумина веднаш го забележаа.
Ова е новата празнична реклама на „Кока-Кола“