Фановите воодушевени: Селена Гомез со емотивна порака на Инстаграм

Поп пејачката Селена Гомез некое време отсуствуваше од јавноста, за да се посвети на своето ментално здравје кое беше наруши како последица од лупус.

За време на Денот на благодарноста, Селена им испрати порака на фановите преку нејзиниот профил на Инстаграм.

“Имам многу работи за што да бидам благодарна оваа година. Ова беше најтешка, но и најубава година досега. Ја победив оваа битка. Сакав да ја рефлектирам љубовта која ми ја пружате со години и да ви покажам колку е важно да се борите за себе. Добрината секогаш победува. Ве сакам сите. Бог нека ве благослови”, напиша Селена за црно-белата фотографија на која е со фановите.