Фантастична со „Дона“: Калиопи на првата проба во Стокхолм (видео)

По европската турнеја на која Калиопи ја промовираше евровизиската „Дона“ нашиот тим конечно пристигна во Стокхолм, Шведска, каде годинава ќе се одржи 61. издание на „Евровизија“.

Во „Ериксон глоуб“ арената веќе се одржаа и првите проби за фестивалот кој почнува на 10 мај.

Калиопи на првата проба со својата изведба ги воодушеви сите во арената, а истата помина одлично.

„Им благодарам на евровизиските новинари и фанови што ме вратија по втор пат на “Евросонг”. Ова е голема привилегија за мене“, изјави Калиопи по пробата.

Македонскиот тим настапува во второто полуфинале, на 12-ти ма, а големото финале е два дена подоцна.