Фарел Вилијамс повторно стана татко.
Неговата сопруга Хелен Ласичен родила три здрави бебиња на почетокот на оваа година.
Засега не се објавени имињата на бебињата и нивниот пол, но претставник на популарниот пејач и продуцент потврдил дека сите се здрави и среќни.
43-годишниот музичар ја чуваше во тајност веста дека со сопругата очекуваат тројка.
Тие се родители и на 8-годишниот Рокет Вилијамс.