Фејсбук ќе следи кои продавници корисниците ги посетуваат

Социјалната мрежа Фејсбук од поодамна на различни начини ги следи своите корисници, а од сега ќе следи и кои продавници тие ги посетуваат.

Целта на Фејсбук е да им докаже на клиентите дека нивните реклами навистина потикнуваат да ги посетуваат продавниците и купуваат нивните прозиводи. Следењето на корисниците е овозможено за сите оние кои на своите уреди ќе ја имаат вклучено опцијата за следење и инсталирана апликацијата Фејсбук.

На овој начин компаниите ќе можат да пратат колку често луѓето кои се изложени на нивните апликации на Фејсбук ги посетуваат нивните продавници.

Сепак треба да се напомене дека нема да го следат нивното индивидуално движење.

Оваа опција е веќе тестирана, а ќе се имплементира наредните месеци.