„Продавници“ (Shops) е новата услуга која што се подготвува да ја воведе социјалната мрежа Фејсбук за своите клиенти.
Имено компанијата наскоро ке им овозможи на малите компании преку оваа бесплатна опција да ги продаваат своите производи.
„Мислам дека ова е многу важно за малите компании кои поради Корона вирусот се префрлуваат на он-лајн продажба и трпат големи последици“- изјави Марк Цукемберк.
Овие инернет продавници ќе бидат достапни на Фејсбук и Инстаграм, а корисниците т.е клиентите ќе може веднаш да плаќаат за нарачаниот производ и да комуницираат со продавниците преку WhatsApp и Messenger.