Од 31-ви август до 4-ти септември во Скопје ќе се одржи најновото издание на „Пиволенд“, кое и пред својот почеток крева прашина во македонската јавност.
Тоа е така поради последното „препукување“ на Панчо со организаторите, а од пред некој ден директно и со својата колешка, Тамара Тодевска.
Панчо на Фејсбук јавно објави дека тој и неговиот бенд биле повикани да настапуваат за премал хонорар, за разлика од српските ѕвезди кои доаѓаат на фестивалот и кои според него секогаш имале предност во нашата земја.
Но, Тамара јавно го демантираше раперот објавувајќи го официјалниот лајнап на фестивалот каде 90% се македонски пејачи.
Во дел од коментарите на профилот на пејачката тие се „препукуваат“ за хонорарите и кој колку би заработил или ќе заработи од „Пиволенд“.
Плус денес Панчо продолжи со провокациите на сметка на фестивалот и организаторите, објавувајќи го спотот за песната „Таа тоа го крие“ иронично велејќи дека милионите прегледи се платени со кусурот од хонорарот за „Пиволенд“.